Ребрендирањето на ДУИ во зелена партија не значеше дека нивните членови ќе се откажат од профитот кога на агендата дојде на ред урбаното дивеење во општина Маврово. ИРЛ открива дека клучните институции ги дале дозволите за Радика во незаконски процедури, додека зделката за изградба на планираните 87 вили ја добила фирма на поранешен директор на ДУИ и истакнат партиски член од Гостивар. Известува: Ивана Настеска (Скопје); Линдита Чела (Тирана); Илустрации:…
Општините Охрид и Дебарца направија регистар на дивоградби, а Струга, за која градоначалникот Рамиз Мерко тврдеше дека нема, тоа ќе мора да го стори до крајот на октомври. Прогласен е мораториум за градење во Охридскиот регион, а некои нелегални објекти се рушени или се во процес на рушење. Ова се дел од пораките кои македонската делегација предводена од министерот Едмонд Адеми задолжен за мерките на УНЕСКО и градоначалникот на Охрид,…
Со четири нецелосно урнати дивоградби, од вкупно 1076, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески замина на отчет во седиштето на УНЕСКО во Париз. Тој таму го презентираше првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Комитетот на светско и природно наследство. Георгиески рекол дека во текот на изминатите три месеци општината Охрид покажала „значителен напредок во делот на исполнување на препораките“. Ја споменал одлуката за мораториум на…




