Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО) Локален шериф: Рамис Мерко

Доктор Рамис Мерко на последните локални избори во 2017 година по трет пат ја доби довербата од стружани. Првиот мандат го освои во 2003 година кога за прв пат влегува во политиката. Дотогаш имал фамилијарен бизнис и бил директор на земјоделска аптека. Граѓаните го гласаат, а поддршка и логистика добива од неговата партија ДУИ. За себе вели дека е одличен менаџер на општината и оти сите одлуки ги носи заедно…

(ВИДЕО) Охридски градоначалник: Има дивоградби на обични луѓе, но и хотели

Чии се дивоградбите во Охрид? Дали локалните моќници кои што градат во Охрид се заштитени? На пример, советникот Нефи Усеини нелегално гради среде чаршијата пред познатиот охридски чинар, но е недопирлив за институциите.  „Има дивоградби од секаков профил, од обични луѓе, до хотели“, вели градоначалникот додавајќи дека не смета дека во Охрид постојат моќници кои што се заштитени од институциите. „Од општина Охрид не се бара рушење, само регистер на…

(ВИДЕО) Мерко ќе го убедува амбасадорот Тимоние дека во Струга нема ниедна дивоградба

Дивоградби немало, ред имало. Не знаел зошто се кревала толкава фама за изгорената трска кога таа била многу висока и растела повеќе поради фекалии во езерото. За критиките на францускиот амбасадор, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вели дека тој е погрешно информиран од новинарите и невладините организации.  Францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, за време на конференција за реформи во јавната администрација минатата недела во Скопје даде обесхрабрувачка изјава за евроатлантските…

Антикорупциска комисија ќе го испитува случајот со дивоградбите на Матка

Откако сите институции се прогласија ненадлежни да се справат со дивите платформи кои се поставени на Матка, Антикорупциската комисија реши да го испита случајот. Антикорупциската комисија отвора предмет за случајот со дивоградбите на Матка. Црвеното светло кај антикорипционерите се запалило откако слушнале дека институциите се прогласиле за ненадлежни. На денешната седница на Комисијата, претседателката Билјана Ивановска рече дека црвеното светло се запалило кога сите институции се прогласиле за ненадлежни. „Таму…