Press "Enter" to skip to content

Дивоградбите во блатото, државата во мочуриштето

Куќи и бетонски плочи се градат на диво во заштитеното Студенчишко Блато во Охрид. Општината не ги урива. Дивоградбите веќе имаат и струја. Приклучени се во системот на електродистрибуција како пумпи за наводнување. Сопственичка на дел од земјата е 13 годишно девојче. Татко ѝ е охриѓанецот Владо Рувинов, викан Љац. Тој има криминално минато за посредување при проституција и бил осуден заедно со познатиот трговец на „бело робје“ од Македонија,…

Вонредна инспекција во Општина Тетово поради професорот Фатон Мурсели

Легализацијата на диво изградената викендичка на професорот Фатон Мурсели на Попова Шапка донесе вонредни контроли во Општина Тетово. Модерната куќа е изградена на диво на државна земја, а Агенцијата за катастар веќе утврди дека е легализирана со незаконски геодетски елаборат.   Известуваат: Иван Блажевски; Пелагија Стојанчова Државниот управен инспекторат започна вонредна инспекција во Секторот за урбанизам и во Општинскиот инспекторат во Тетово, јавен обвинител собира информации, а Министерството за внатрешни работи…

Уставниот суд засега го спаси Водно од нов бетон и хациенди

Уставниот суд засега ја заузда „елитата“  и им ги помати бизнис интересите на поединци да се гради на Водно на сметка на децениската шума. Зелениот појас останува безбеден од багери и нов бетон, додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали Деталниот урбаниситички план донесен пред осум години има сомнителни елементи. Тогаш ДУП – от беше донесен со инсистирање на советници од ВМРО – ДПМНЕ без мнозинство, со тензија и…

Трница хилс: Помошник министер, пратеничка и актери – соседи во дива населба на државна земја

ИРЛ откри дека во последната деценија на територијата на Националниот парк „Маврово“ е изградена цела дива населба веднаш над комплексот „Кораб Трница“. Дел од вилите се изградени и се веќе легализирани, додека други се градат во моментов. Сите се наоѓаат на државно земјиште, на заштитена територија. Меѓу оние кои изградиле или купиле вили на државен имот се помошник министерот во МВР Маријан Здравковски, пратеничката од ЛДП Моника Зајкова и актерите…