Press "Enter" to skip to content

(Не)надлежни општини, рај за градежните моќници

На десетици локации низ Скопје се изградени нови објекти со подземни гаражи до кои со возило не може да се пристапи. Општините одобренија за градба издаваат само со приложен сообраќаен проект и во „доверба“ дека пристапна улица некогаш ќе се изгради.  Наместо прво да се направи инфраструктура, па дури потоа да се издаваат одобренија за градба, во Македонија е обратно – прво се градат објекти, па потоа се гради инфраструктура.…

Уставниот суд го заштити Водно од намерите на големите инвеститори 

Уставниот суд одлучи да ја спаси децениската шума на Водно од багерите на бизнисмените кои сакаа зелениот појас да го претворат во елитна населба со бетонски зданија. Судот го укина спорниот Детален урбанистички план за Општина Центар кој овозможи луѓето со моќ и влијание да купат дел од планината и покрај јавниот револт на скопјани кои не се откажаа од намерата да ја заштитат од урбанизација единствената планина во градот.…

Уставниот суд засега го спаси Водно од нов бетон и хациенди

Уставниот суд засега ја заузда „елитата“  и им ги помати бизнис интересите на поединци да се гради на Водно на сметка на децениската шума. Зелениот појас останува безбеден од багери и нов бетон, додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали Деталниот урбаниситички план донесен пред осум години има сомнителни елементи. Тогаш ДУП – от беше донесен со инсистирање на советници од ВМРО – ДПМНЕ без мнозинство, со тензија и…

Уставниот суд по втор пат ќе одлучува дали „елитата“ ќе гради хациенди на Водно

Уставниот суд ќе расправа за законитоста на  Деталниот урбанистички план (ДУП) со кој што се дозволи градење во зелениот појас на Водно. На седницата одржана во 16ти ноември уставните судии од овој состав проценија дека општината Центар ДУП – от го донела на сомнителен начин. Планот се донесе без мнозинство гласови, а го туркаа советниците на ВМРО – ДПМНЕ. И покрај мнозинскиот јавен револт на скопјани во атмосфера на насилство…