Дозволата за градба на објект во парк – шумата Водно којашто во реалноста нема пристапен пат ја издаде градоначалникот Саша Богдановиќ непосредно пред неговото заминување. Богдановиќ ги игнорирал извештаите на Инстутутот за сеизмологија кои покажувале дека доколку се изгради пристапната улица, шумата на Водно ќе претрпи сериозни последици. Со 13 гласови ЗА, советниците на Општина Центар ја стопираа изградбата на пристапната улица 5 предвидена со ДУП от за Градска Четврт…
Со првата издадена дозвола за градба, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, го отвори патот за уништување на шумата на Водно. Озлогласените плацеви од „бомбите“ на СДСМ купени со сомнителни пари и офшор фирми, станаа градежно земјиште на кое наскоро ќе почне изградба на првата хациенда. Неа ќе ја гради Филип Костиќ, лице непознато во елитните бизнис кругови. Пишува: Маја Јовановска; Дополнително известување: Александра Денковска, Давид Илиески; Илустрација: Лука Блажев…
Во шест трансакции во период од единаесет месеци биле префрлени парите со кои поранешниот премиер Никола Груевски ги купил атрактивните плацеви на Водно. На сметката на „Сирах инженеринг“ од Скопје во периодот од 19 октомври 2012 година до 4 септември 2013 година биле префрлени вкупно 1.299.515 евра. Овие пари, според сомнежите на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, биле донации од фирми и членови на ВМРО-ДПМНЕ и наместо да…
















