Press "Enter" to skip to content

Советникот на Заев – Филип Андов Сокол е назначен за директор на затворот Шутка

Пред да стане советник на премирот Зоран Заев пред три години, Филип Андов нарекуван Сокол менаџираше локални барови и имаше еден неуспешен обид за угостител. Но, тука не завршуваат неговите амбиции: Тој денеска стана и в.д. директор на Истражниот затвор Скопје во населбата Шуто Оризари.

Владата на денешната седница именуваше 17 директори на државни институции. Од сите денешни кадровски решенија само Сања Лукаревска останува на истата позиција – директор на Управата за јавни приходи. Останатите функционери ротираат од други раководни позиции,или пак, за прв пат се именувани на менаџерска позиција.

Меѓу новоизбраните директори е Филип Андов познат како Сокол, кој стана В.Д. директор на истражниот затвор во Шутка. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор на затворот Есад Рахиќ, но тој нема да остане без директорска фотеља. Рахиќ е именуван за управител на Трговско Друштво Нафтовод Дооел Скопје.

Андов Сокол во минатиот мандат на владата на СДСМ му беше советник на премиерот Зоран Заев за креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје. За неговите професионални компетенции ИРЛ пишуваше кога ги истражуваше советниците на премерот Зоран Заев за време на минатиот мандат. Тој беше еден од 63-та ангажирани советници и соработници.

Тогаш го прашавме кои се неговите компетенции за да биде назначен на позиција советник за Град Скопје и дали можеби партијата помогнала, или пак, тоа се должи на неговиот професионален авторитет.

„Мојот ангажман е надворешен, јас не сум вработен во кабинетот ниту во Владата, а моја работна професија е стопанственик во бизнис секторот. Ангажманот за кабинетот на премиерот никако не е поврзан со мојата партиска припадност, а истата никако не влијае врз моите професионални активности кои ги извршувам за Владата“, изјави Андов за ИРЛ кога беше избран за советник на Заев.

Во штурото соопштение од владата за денешните именувања на директорите соопштија дека новите кадровски решенија се на предлог на Комисија за именување, чиј претседател е вицепремиерот Љупчо Николовски.

Кој е Филип Андов Сокол прочитајте на линкот подолу

Кој му дели памет на премиерот: Стефани и Сокол

Владата соопшти и дека на предлог на владината Комисија за именување, врз основа на евалуацијата на апликациите од јавниот повик и врз основа на програмите за работа, Владата прифати:

Сања Лукаревска да ја именува за директор на Управата за јавни приходи, орган во состав на Министерството за финансии.

Иљми Селами да го именува за заменик на директорот на Државниот завод за статистика.

Јован Деспотовски да го именува за директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Јовица Стојановиќ да го именува за директор на КПУ Затвор Идризово.

Марјан Спасовски да го именува за директор на Управата за извршување на санкции.

Ардиан Муслиу да го именува за директор на Државниот просветен инспекторат, орган во состав на Министерството за образование и наука.

Последни истражувања

Учебници по Кембриџ: Како ВМРО ДПМНЕ ја почна, а СДСМ ја продолжи лагата со учебниците вредна 30 милиони евра

 

Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »