Press "Enter" to skip to content

Сашо Дуковски – адвокат на Митко Чавков

Изјава на денот

„Не постои ниту вина ниту докази дека Митко Чавков сторил кривично дело. Обвинението се темели на една нецелосна реченица дека не била издадена наредба за распоредување дополнителни полициски сили за да се спречи влегување во Собранието“, изјави денес во судот адвокатот Сашо Дуковски додека ги презентираше завршните зборови во одбрана на неговиот клиент Митко Чавков, обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок за насилните протести во Собранието на 27 април.