Press "Enter" to skip to content

Рускоска: За неколку функционери се водат истраги за економски криминал и корупција

Неколку актуелни функционери се предмет на предистражна и истражна постапка за економски криминал и корупција. Ова денеска го изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал.

„Се водат неколку истраги и предистраги за актуелни функционери, ама не можам да откријам повеќе бидејќи истите се тајни“, рече Рускоска.

На конференцијата присуствуваше и државниот обвинител Љубимир Јовевски, националниот јавен обвинител на Италија за гонење на мафија и тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо и директорот на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност.

Во рамки на посетата Јовевски и Кафиеро Де Рахо ќе потпишат Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции.