Бени Штајнмец, сопственик на групацијата „БСГ Рисорсес“ која беше малцински акционер во „Кунико рисорсес“ компанија која повеќе од 10 години управуваше со „Фени индустрис“ во петокот беше осуден на пет години затвор. Откако беше очигледно дека Кунико нема да го задржи „Фени“, БСГР почна да поднесува тужби во кои го обвинуваше раководството дека переле пари и вршеле измами преку „Фени индустрис“.
Израелскиот рударски магнат Бени Штајнмец, сопственик на групацијата „БСГ Рисорсес“ (БСГР) во петокот беше осуден на пет години затвор за давање мито и му беше наредено да плати казна од 50 милиони швајцарски франци (56 милиони американски долари).
На судењето во швајцарскиот кривичен суд во Женева беше потврдено дека Штајнмец (64) и двајца негови колеги подмитиле двајца јавни службеници за во 2000 година да добијат пристап до концесија за ископ на руда во Гвинеја со кои обезбедиле голем профит за себе и за компанијата.
Конкретното обвинување за Штајнмец беше дека тој организирал „пакт за корупција“ заедно со Лансана Конте поранешен претседател на Гвинеја и со неговата поранешна сопруга Мамади Туре со цел да добие пристап до најбогатите неискористени наоѓалишта на железна руда во планинскиот масив Симанду во Гвинеја.
Штајнмец ги отфрли овие обвинувања и најави дека ќе поднесе жалба на пресудата.
Штајнмац и неговите деловни соработници поврзани со рударската фирма БСГ Рисорсес беа обвинети дека преку шел компании, на Туре и платиле мито од околу 10 милиони американски долари, а потоа фалсификувале документи за да го прикријат првото кривично дело.
Главна одбрана на Штајнмец беше дека тој воопшто не бил вклучен во групацијата БСГР чие скратено име всушност значи Бени Штајнмец Рисорсис Групација.
„Јас не сум БСГР, јас сум само нивни портпарол“, изјави Штајнмец за судот.
Откако судот го соочи со сите докази, како мејлови, состаноци и трансфери на пари кои според обвинителите се доказ дека митото било дадено, Штајнмец тврдеше дека не ги знае овие детали. „Јас не сум бил вмешан“, велеше тој пред судот.
Судијката Александра Бана читајќи ја пресудата посочи дека Штајнмец бил главниот во оваа група.
„Сите важни одлуки кои биле направени биле со негова согласност и тој лично се вмешал во неколку фази од коруптивната операција“, пишуваше во изјавата на Кривичниот суд во Женева.
Улогата на БСГР во стечајот на ФЕНИ
Компанијата БСГР долги години беше присутна и во Македонија како дел од раководствотона „Фени индустри“. „БСГР“ беше малцински акционер во Групацијата „Кунико рисорсес“ која речиси десет години беше сопственик на „Фени индустри“.
Откако на 31 октомври 2017 година, се отвори стечајната постапка за „Фени“, а „Кунико“ се бореа за да добијат продолжување на рокот за отплата на долгот кон банките „Силк роуд“, „Комерцијална“ и „Стопанска банка“, кои во септемвери ги блокираа сметките на „Фени“, а на 29 октомври побараа и официјално да се отвори стечај за овој магнат, а БСГР како малцински акционер поднесе тужба против тогашниот директор Јусуф Миракхмедов кој беше поставен од Кунико и го обвини бордот на директорти на Кунико Рисорсес за перење пари и за измами.
Преку писмо испратено од адвокатскта канцеларија Апостолски, БСГР го обвини Миракхмедов дека дека направил нелегални трансакции помеѓу Фени и фирмата Нова Логистик која била фирма ќерка на Фени, а подоцна Миракхмедов и ја продал на Надица Атанасова Кабранова. БСГР исто така се сомневале дека Амир Абет и Џереми Нидс од Кунико, како и останатото раководство на Фени го подржале Миракхмедов да го изврши ова кривично дело.
Абет и Атанасова Кабранови ги отфрлија овие обвинувања од БСГР и велат дека на оваа компанија не треба да и се верува зашто што е во сопственик на израелски државјанин (мислејќи на Штајнмец) кој во неколку држави е обвинет за кривични дела.
Со оваа постапка, БСГР помогна Фени да отиде во стечај, а потоа да се продаде на швајцарскиот инвестициски фонд ГСОЛ.
Оваа пресуда е втора за Штајнмец кој во декември во отсуство беше осуден на пет години затвор од романскиот суд за случај во кој биле подмитени јавни службеници.
Правата за ископ на руда во Гвинеја кои БСГР ги добило во 2008 година, беа повлечени во 2014 година од Алфа Конде претседателот на Гвинеја кој дојде на власт во 2010 веднаш по Лансана Конте. Откако дошол на власт Конде направил владин комитет кој открил дека БСГР платиле мито за да ја добијат концесијата
Овој случај е еден од најголемите случаи на корупција во секторот рударство и текот на судењето ја покажа борбата за контрола на високо ценетите минерални суровини во Африка, каде што бескрупулозните деловни практики честопати не се контролирани.