Press "Enter" to skip to content

Пендаровски: Не можеме да ги кривиме младите, кога не би бил претседател и јас би се иселил од Македонија

25.11.2019

Претседателот Стево Пендаровски на Форумот на млади лидери во Нови Сад изрази разбирање за младите кои се иселуваат од државата и истакна дека политичарите имаат одговорност да го трансформираат општеството, со цел да се задржат младите луѓе.

„Многу е важно ние како одговорни политичари кои сме овој период на власт, да им понудиме прва шанса на младите да успеат овде во регионот, која досега ја немаа. Не можеме да ги кривиме младите. Тие имаат само еден живот, како и сите ние и никој не е луд да го потроши тој живот во држава која со години преговара со Европската Унија, држава во која просечната плата е 400 евра. Кога не би бил претседател и јас би се иселил од Македонија.“