Press "Enter" to skip to content

Никола Груевски: Избегав едноставно, сакаа да ме ликвидираат, во Унгарија барам работа

Изјава на денот

Избегав едноставно, сакаа да ме ликвидираат, во Унгарија барам работа, ќе пишувам мемоари, а власта сама нека открие како избегав, ова го изјави поранешниот премиер Никола Груевски во интервју емитувано во вестите на телевизијата Сител во 19 часот на 2 фебруари 2019 година.

Како заминав не кажувам, беше едноставно, но нека открие власта

“Со луѓе од власта немам контакт, со сопартијци, ако мислите од раководството, немам. Не. Заминав во Албанија, се пријавив во унгарската амбасада  во Тирана каде што побарав политички азил. Оттаму дојдов во Унгарија, на начин на кој што беше одлучено”, рече Груевски.

„Од Македонија заминав едноставно во Албанија, се пријавив во унгарската амбасада во Тирана каде побарав политички азил и по одредени консултации дојдов во Унгарија. Заради безбедности причини, како поранешен долгогодишен премиер, бев транспортиран до Унгарија“. На прашањето како избегал од Македонија, односно дали преку легален или илегален премин, Груевски не одговори и со саркастична насмевка ги повика македонските институции да откријат.

Ќе барам работа

„Немам работа, имам многу движења, многу пријатели овде, но се размислувам за некаков мој ангажман овде“, рече Груевски, а на крајот од интервјуто најави и дека ќе пишува мемоари.

Сакаа да ме ликвидираат

„Јас најпрвин бев со намера доколку власта оди до крај, бев со намера да влезам во затвор. Со тотално луди пресуди кои немаат никаква правна и законска основа. Но, во последните денови добив дојава дека веројатно е планирана моја ликвидација во затворот. Потоа ја променив мојата одлука. Од лица кои беа добро информирани внатре во затворот. Имав сериозни сознанија од сигурни луѓе. Не можам да кажам јавно кој стои зад тоа, бидејќи не можам во моментов да го докажам. Потоа одлучив да заминам од Македонија. Унгарија ја одбрав затоа што проценив дека станува збор за земја членка на НАТО, на ЕУ, земја која има независни институции“, обвини Груевски во интервјуто за телевизијата Сител.