ИРЛ Македонија за прв пат ги открива сите 440 донатори, меѓу кои најголемиот е ЕВН, со 500,000 евра. Организацијата била партиска, а висината на донациите се „сугерирала“. Истражувачката репортерска лаборатија открива дека државни институции и бизнисмени чии фирми добро профитираа од државните тендери од „Скопје 2014“ се најголемите донатори за фондацијата на Македонската православна црква за да ја изгради црквата Св. Константин и Елена“ на улицата Македонија. Проектот беше онолку…
ИРЛ
Во 2016 и 2017 година паралелни структури од подземјето и безбедносните служби градат тврдина за опстанок на ВМРО преку преземање на државата. Први се разнишаа темелите на тајната полиција, но твдрината е на готовс да падне и во дворецот на претседателот. Автори: Сашка Цветковска и Александра Денковска Гоцевска; редактура: Борис Георгиевски; графика: Елена Митревска; насловна фотографија: Роберт Атанасовски Сведоците во судскиот случај за настаните од 27 април неделава за прв пат…
Во истиот час кога Груевски се пофали дека е безбеден во Будимпешта, Маѓар Телеком постави нови директори во Македонски Телеком. Кога Никола Груевски преку проглас на социјалните мрежи објави дека добил азил од унгарската влада, речиси истовремено, централниот регистер на компании на Македонија попладнето објави дека се промениле дел од директорите во одборот на Македонски Телеком. Причина е заминувањето на стариот директор од Будимпешта. Во изминатите три месеци се промениле…
Сите ја знаат приказната за рускиот бизнисмен кој случајно се вљубува во Македонија и решава тука да се пресели своите бизниси и своето семејство. Годината е симболична – 2006 година, или онаа кога во Македонија почнува декадата на Никола Груевски и неговите блиски соработници и роднини. Сергеј Самсоненко станува виден скопјанец кој често се гледаше во друштво на високи функционери и бизнисмени. Колку подолго седеше, толку повеќе се зголемуваа зделките…

















