Мизрахи не го дава името, Спасовски бара нејзино разрешување. Чулев обвини за злоупотреби, Петровска му поднесе кривична пријава. Трипуноски критикува за погубна аграрна политика, Димковски му испраќа деманти. Техничката влада наместо да подготвува терен за спроведување на фер и демократски избори, се претвори во ринг во кој се надмудруваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ мудро молчи и не влегува во дуелот на троловите. Пред предстојните парламентарни избори планирани за 12 април,…
ИРЛ
Случајот „Рекет“ е медиумски најекспонираниот случај за 2019 година. Според критичарите, тивко, а можеби и организирано, „Рекет“ го помогна потопот на Специјалното јавно обвинителство. Според власта, но и самите обвинители, ова е случајот којшто покажал колку оваа влада е подготвена за борба со корупцијата со оглед на тоа што во “Рекет” се опфатија и функционери од владејачката партија. Едно е сигурно, “Рекет” ги изнесе на виделина врските помеѓу политиката, правосудниот…
Веќе трет ден на петте национални телевизии не се пренесуваат изјави и ставови на техничкиот премиер, министрите и нивните заменици во Владата. Во вестите на Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа ТВ се објавуваат тонски парчиња само од пониските ешалони во власта, односно директори на институции, а се пренесуваат и партиски ставови. Вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во посета на Торакална хурургија…
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска го промовираа регистарот на професионални онлајн медиуми – „Промедиа“. Регистарот на онлајн медиуми ќе и помогне на јавноста да ги разликува професионалните медиуми од оние кои шират пропаганда и лажни вести. Иницијативата за регистарот во кој има 67 членки, е поддржана и од Стопанската Комора на Македонија. Регистарот е креиран според усогласени критериуми меѓу…

















