Европската федерација на новинари (EFJ) и Меѓународната федерација на новинари (IFJ) денеска остро реагираа по вчерашната одлука на Апелациониот суд во Скопје против ИРЛ и главната уредничка Сашка Цветковска, оценувајќи дека судот отвора пат за цензура, а судската одлука е оквалификувана како опасен авторитарен потег кој треба да се ревидира. Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на ИРЛ и Цветковска и ја потврди првостепената пресуда во која пишуваше дека Анѓушев бил…
ИРЛ
Новинарските организации – Здружението на новинари (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија сериозна загриженост за судскиот притисок кон независното истражувачко новинарство по денешната одлука на Апелациониот суд Скопје, кој ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд Скопје во предметот за клевета покренат од поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев против одговорниот уредник Сашка Цветковска и Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Анѓушев ги тужеше ИРЛ и уредничката Цветковска за клевета…
Од гонетите 23 полициски службеници, во моментот кога избувнал пожарот во „Пулс“ биле присутни десетмина. Ниту еден од нив не го спречил палењето на пиротехниката иако биле должни да го сторат тоа. Обвинителството за гонење организиран криминал каде што се водеше втора, засебна истрага за одговорноста на полицијата, денеска соопшти дека поднело три обвиненија. И во оваа истрага обвинителството се соочило со проблематични закони за кривично гонење со кои некои…
Куќи и бетонски плочи се градат на диво во заштитеното Студенчишко Блато во Охрид. Општината не ги урива. Дивоградбите веќе имаат и струја. Приклучени се во системот на електродистрибуција како пумпи за наводнување. Сопственичка на дел од земјата е 13 годишно девојче. Татко ѝ е охриѓанецот Владо Рувинов, викан Љац. Тој има криминално минато за посредување при проституција и бил осуден заедно со познатиот трговец на „бело робје“ од Македонија,…

















