Додека реките пресушуваат, проектите со малите хидроцентрали за кои постои мнозински отпор кај граѓаните продолжуваат. Нов „таргет“ на овој лукративен бизнис е планината Кожуф. Сопственикот на кладилниците „Спортлајф“ Ѓоко Стерјоски сака да гради две мали хидроцентрали на еколошки чистата река Дошница. Известува: Ивана Настеска, Пелагија Младеновска Трендот на малите хидроцентрали треба да престане и државата да се пренасочи на енергија од сонце и ветер, изјави пред една година тогашната министерка…
ИРЛ
Вовед Со векови општествата во Албанија и Македонија делеле слични предизвици и проблеми. Но, денеска граѓаните на двете држави се отруени со токсични историски и етнички наративи, а корумпираната и контролираната медиумска сцена и дезинформациите дополнително ги продлабочуваат поделбите. За жал, оние кои профитираат од наметнатите наративи се корумпираните политичари, олигархијата и непријателските странски сили кои интензивно ја поткопуваат стабилноста во регионот. Истовремено, мнозинството граѓани на двете соседни држави страдаат…
Бугарското подземје е надалеку прославено, а овојпат е актуелно по еден навидум наивен бизнис – паркинзи. Необичните задолжителни паркинзи се наоѓаат на бугарските гранични копнени премини, а проблемите отидоа дотаму што Европскиот парламент и` се заканува на Бугарија со исклучување од Шенген зоната. Лукративните паркинзи ги раководи бугарското подземје, а меѓу нив се и соработници на озлогласената крипто кралица Ружа Игнатова – најбараната жена на планетата за историски грандиозните измами…
Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, премиерно се прикажуваше на Меѓународниот филмски фестивал Оденсе (ОФФ Фестивал) заедно со 147 филмови од 39 различни земји. „Мала шега“ е во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар. Кратките филмови кои се прикажуваат на ОФФ фестивалот…

















