Најтешко е да се освои власта. Потоа се е предвидено и познато. Ветувањето во изборната кампања за „едно општество за сите“ паѓа во вода со првото именување на директор во државна институција. На раководна позиција најчесто доаѓа лојален член на владејачка партија и покрај задолжителните конкурси. Крај на клиентализмот требаше да стави Законот за висока раководна служба според кој директорите ќе се бираат според професионални, а не партиски заслуги. Но,…
Населбата Тафталиџе ја „згазија“ многу урбани атентатори. Таму свои бетонски чудовишта кренаа „Настел“ на Зоран Азманов, „Адора“ на Ванчо Чифлиганец, „БИ-СИ“ на Ивица Георгиевски. Последната градежна офанзива доаѓа од освојувачот и некрунисаниот крал на Пласница – Исмаил Јахоски. Неговата семејна фирма „Пуцко Петрол“ пред две недели го купи земјиштето кај поранешната фабрика Алумина во Тафталиџе, објави Фактор. Јахоски за градежната парцела од 42 илјади метри квадратни платил 24 милиони евра.…
Пред да стане советник на премирот Зоран Заев пред три години, Филип Андов нарекуван Сокол менаџираше локални барови и имаше еден неуспешен обид за угостител. Но, тука не завршуваат неговите амбиции: Тој денеска стана и в.д. директор на Истражниот затвор Скопје во населбата Шуто Оризари. Владата на денешната седница именуваше 17 директори на државни институции. Од сите денешни кадровски решенија само Сања Лукаревска останува на истата позиција – директор на…
Во серија од лажни и координирани писма се повикува на државен пуч и одметнување на институтициите. Писмата без автор пратени од лажни е-маил адреси завршија на серија медиуми, меѓу кои и интернет изданијата на националните телевизии. Благодарение на објавите, истите масовно се споделуваа во групи со десетици илјади членови. За помалку од 15 минути, оваа манипулација стигна до повеќе од 100.000 граѓани на социјалните мрежи. АРМ бедемот на Македонија (armbedemotnamakedonija@gmail.com)…

















