„Отвори, отвори“. Овие зборови ги повторуваше поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, кога не ѝбеше дозволен влез во Управата за безбедност и контраразузнавање. Беше упорна и влезе во „тврдината“ на тајната полиција. Денес таа се наоѓа во друга улога. Зад капијата на затворот „Идризово“ каде издржува седумгодишна казна затвор. Нејзиното име и натаму предизвикува вознемир во политичките и правосудните кругови. Управата за извршување санкции која е надлежна за…
Гостиварскиот обвинител Арсим Адеми доби само три гласови од Советот на јавни обвинители и нема да биде дел од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. За Адеми гласаа само членовите Фаик Арслани, Арбер Исаку и Коле Штерјев. На денешната седница, Советот на јавни обвинители доверба им даде на досегашните обвинители од тимот на Вилма Русковска кои беа реизбрани со мандат за уште четири години. Во обвинителството се враќаат…
Обвинителот кој беше јавно критикуван поради контроверзната спогодба со Зоран Милески – Кичеец посака да стане дел од таканаречената елитна обвинителска единица, одделението за гонење организиран криминал и корупција. Две работи ги поматија сметките на амбициозниот гостиварски обвинител. Првата е решителноста на членовите на Антикорупциската комисија да ги истражат сомнежите за корупција во постапувањето во случајот со Кичеец. Втората е тоа што обвинителот Арсим Адеми од Гостивар е најниско рангираниот…
Стојко Пауновски е лојален член на матичната партија. Но, и човек со сопствено мислење и ставови. Тоа ќе се покаже како погубно за неговата кариера и неговите несогласувања со политиките на власта ќе го тргнат преку ноќ од листата на пријатели на премиерот. Зоран Заев со Артан Груби и Љупчо Николовски ќе почне вистинска крстоносна војна против Пауновски и ќе се бара неговата оставка. Но, директорот доби неочекувана поддршка од…
















