Кардиохирургот Жан Митрев во Кривичниот суд дојде со двајца нови адвокати, што беше причина одбраната да бара одложување на рочиштето. Во адвокатскиот тим на Митрев се приклучија адвокатите Никола Додевски и Никола Лазаров, а следното судење судијката Лидија Петровска го закажа за 5 април. На барање на Јавното обвинителство, Кривичниот суд донесе одлука за забрана отуѓување и замрзнување на сметките на приватната клиника „Жан Митрев“, како гаранција за евентуална отштета…
На 28 февруари е закажано првото рочиште на доктор Жан Митрев, обвинет за измама на пациенти заболени од КОВИД 19. Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека го прифатил обвинителниот акт, а по предметот ќе постапува судијката Лидија Петровска. Од клиниката целосно го отфрлаат обвинението како неосновано и ќе докажеле дека ниту еден пациент не бил измамен. Основниот кривичен суд Скопје во целост го прифати обвинението против докторот Жан Митрев и…
Доктор Жан Митрев и неговата приватна болница се обвинети за кривично дело „Измама“. Јавното обвинителство – Скопје по шестмесечна истрага собра докази дека кардиохиургот со умисла ги доведувал во заблуда пациентите кои се лекувале од КОВИД 19 дека методот хемофилтрација е безбеден и ефикасен лек против вирусот. Казната за ова кривично дело е затвор од една до десет години. Обвинението се темели на 283 сведоци, на кои лекарот треба да…
Енергетската криза повеќе од една година е составен дел на македонското секојдневие. Политичарите лани не успеаја да го предвидат енергетското цунами, што неминовно придонесе цените на основните производи (леб, млеко, јајца, месо) да пораснат до таа мера за да станат луксуз. Обичните граѓани сметаат дека политиката – пратениците, владејачките и опозициските партии ги изневериле зашто во моментот кога наѕираше енергетската криза лани летото политичарите се занимаваа со локалните избори. Координаторите…

















