Една година пред парламентарните избори почна раздвижување на медиумскиот пазар. Секојдневно се појавуваат нови информативни интернет портали, чии сопственици никогаш не биле дел од медиумскиот бизнис, ниту пак кадарот доаѓа од новинарската фела. Непознати имиња стојат во импресумот на некои портали, а има и такви кои немаат никаква информација кој е сопственик, иако според текстовите може да се насети од која „политичка кујна“ излегуваат. Неодамна на пазарот се појави нова…
Со четири нецелосно урнати дивоградби, од вкупно 1076, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески замина на отчет во седиштето на УНЕСКО во Париз. Тој таму го презентираше првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Комитетот на светско и природно наследство. Георгиески рекол дека во текот на изминатите три месеци општината Охрид покажала „значителен напредок во делот на исполнување на препораките“. Ја споменал одлуката за мораториум на…
Поранешната новинарка Александра Спасевска во јули стана специјален советник на министерот за економија, а од пред една недела доби уште една државна функција. На предлог на министерот Крешник Бектеши, Владата ја избра за член на Управниот одбор во Агенцијата за енергетика. Спасевска е дипломиран новинар со 12 годишно искуство во новинарската професија. Но, таа освен што се грижи за ПР-от на министерот за економија, отсега ќе треба да носи одлуки…
Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска ги видел доказите што Обвинителството за организиран криминал извршил ги прибра во истрагата што ја води против него, потврдија за ИРЛ од ова обвинителство. Јакимовски пред четири дена излезе од куќен притвор каде беше шест месеци, откако на 20 март беше уапсен поради злоупотреби за службената положба за приватизацијата и продажбата на земјиштето кај поранешниот ресторан „Имес“. „Истражната постапка за предметот во кој…

















