ИРЛ открива како дел од големите фабрики – странски инвеститори работат со проблематична примена на безбедносни протоколи. Работници од „Џојсон Сејфти Системс“ сведочат дека на работа доаѓале нивни колеги кои го прекршувале правилото на самоизолација, па дури и лица во постојан семеен контакт со лица вратени од ризичните земја. Сомнежите се дека раководството знаело за тоа, но мерки не се преземале. Во првите недели откако се откри и првиот заболен,…
Целата држава од денес се наоѓа во вонредна состојба. Владата му предложи на претседателот Стево Пендаровски, а тој одлучи да прогласи вонредна состојба. Вонредната состојба ќе трае 30 дена. Пред истекот на овие 30 дена, Владата ќе му достави на Претседателот извештај за ефектите од дотогаш преземените мерки и образложение за потребата од евентуално продолжување на вонредната состојба за дополнителни 30 денови. „Како држава и граѓани не’ очекуваат тешки денови. Јас…
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по втор пат најавува истрага за АД МЕПСО. Првиот пат по објавување на Ревизорскиот извештај за оваа институција пред две години и денес по допрен глас, односно откако од ветрот се распадна фасадата вредна 11 милиони евра. Откако под налет на посилен ветер падна дел од фасадата на АД МЕПСО, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција реши да отвори истрага…
Мизрахи не го дава името, Спасовски бара нејзино разрешување. Чулев обвини за злоупотреби, Петровска му поднесе кривична пријава. Трипуноски критикува за погубна аграрна политика, Димковски му испраќа деманти. Техничката влада наместо да подготвува терен за спроведување на фер и демократски избори, се претвори во ринг во кој се надмудруваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ мудро молчи и не влегува во дуелот на троловите. Пред предстојните парламентарни избори планирани за 12 април,…

















