Press "Enter" to skip to content

Новинарите протестираа против срамната пресуда за ИРЛ

Димитар Ковачевски, Христијан Мицкоски и Талат Џафери молчат за опасната пресуда против ИРЛ, а судот дозволува во името на граѓаните да се носат срамни пресуди против слободата на говорот. Здружението на новинари (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) на претседателот на граѓанскиот суд Бесник Авдија му понудија да помогнат да ги едуцира судиите за основните човекови права каква што е слободата на медиумите. Известува: Лила Караташева Новинари,…

Судијката не пријавила дека е тетка на адвокатот на „Фероинвест“ во спорот за парите за модуларните болници со државата

Сватовската врска меѓу судијката Благица Ѓошевска и адвокатот на „Фероинвест“, Ратко Ѓорѓиевски доведе до откажување на денешната пресуда во случајот каде фирмата-ќерка на „Фероинвест“, ЕМС, го тужи Министерството за здравство за неисплатени три модуларни амбуланти. Од друга страна министерството бара договорот да се прогласи за  ништовен бидејќи по пожарот во Тетово склучиле незаконски анекс со којшто сумата се зголемила. Основниот суд Скопје 2 ќе одлучува дали предметот ќе го врати…

Мобилни редакции: ИРЛ се сели во Кичево да истражува локална корупција

Во рамки на пионерскиот проект на ИРЛ „Мобилна редакција“ кој започна пред четири години во Охрид и Крива Паланка, овој месец ИРЛ ќе биде во Кичево. Ќе дадеме видливост на проблемите натрупани поради лошо владеење и корупција.  Основниот концепт на проектот „Мобилна Редакција“ вклучува „селење“ на тимот на ИРЛ, составен од известувачи, истражувачи, уредници и продуценти, во помалите градови и региони низ Македонија. Овие области често немаат соодветно или никакво…

Мнозинството граѓани против, Општина Карпош „за“ вискокатница кај Кино Влае  

Општина Карпош не се откажува од изградбата на висококатниците кои се предвидени на локацијата на некогашното кино Влае. Во ревидираниот Детален урбанистички план кој пред граѓаните беше претставен денеска може да се види дека голем дел од спорните објекти кои беа планирани или се отстранети или дислоцирани, но она што останува е спорната 12 катница. Во малечка соба во која собира едвај дваесетина лица од кои неколку беа претставници на…