Докторот анестезиолог Ваљтон Дервиши кој незаконски снимаше и емитуваше пациенти и колеги во живо на „Тик Ток“, со нова судска пресуда и со пет пати помала казна, се враќа на работа во Клиничката тетовска болница. Лекарската комора сега нема основ да му ја одземе лиценцата на 7 години како што одлучи претходно. ИРЛ открива како преку серија процесни механизми, повторени постапки, преквалификации на делата и формални правни празнини, од пример…
Изминативе неколку денови, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) повторно е цел на координирани напади од страна на интернет порталите Плус Инфо, Лидер и Нетпрес, како и со нив поврзани социјални платформи, кои дистрибуираат лажни и непрофесионални информации со цел дискредитација на организацијата и новинарите. Во фокусот е нашиот договор за соработка со МРТВ, потпишан во 2023 година, со траење до крајот на септември 2026 година, во чии рамки ИРЛ во копродукција…
Токсиколошките анализи на Институтот за судска медицина потврдија присуство на водороден цијанид над граничната вредност кај дури 21 од вкупно 59 жртви во пожарот во клубот „Пулс“. Кај пет од нив се утврдени параметри што укажуваат на тешка интоксикација или смртен исход. Трагедијата однесе вкупно 63 животи. Известува: Александар Јанев Наодите до кои дојде ИРЛ се доставени како одговор на прашања до Основното јавно обвинителство на 24 февруари годинава, два…
Новиот унгарски мандатар Петар Маѓар најави депортација на азилантот и поранешен македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. На речиси тричасовната конференција за печат којашто се одржа попладнево во Будимпешта, Маѓар зборуваше и за Србија и Александар Вучиќ, Украина, Полска, Романија, Русија и Европската унија. Прашањето до Маѓар се однесуваше само на двајцата поранешни полски министри барани за корупција од новата полска водена од Доналд Туск кои што избегаа…

















