Press "Enter" to skip to content

Господинот Кочо Анѓушев на „црна листа“ на САД

Поради сомнеж за вмешаност во значителна корупција, бизнисменот, поранешен вицепремиер и актуелен почесен конзул на Малта, Кочо Анѓушев, доби забрана за влез во САД. На „црната листа“ Стејт департментот ги стави и неговата сопруга Елизабета и синовите Огнен и Ангел. Известува: Бојан Стојановски; Илустрација: Лука Блажев Соединетите американски држави го означија господинот Кочо Анѓушев како генерално неподобен за влез во САД, поради сериозен сомнеж на американската администрација дека е вмешан…

Високата цена на неказнивоста

Ова не е статија за деталите од свирепото убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, туку брутален потсетник посветен на жртвите кои не мораше да ги има aко имаше систем и правда. Кога Љупчо Палевски беше физички нападнат пред неговиот дом во 2020 година, најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ јавно бараа заштита за Палевски од институциите. Во нивните апели имаше дури и заложби дека правда ќе има и дека…

Изземена судијката-тетка на адвокатот на „Фероинвест“ во случајот за наплата на модуларните амбуланти

Судијката Благица Ѓошевска поради сватовската врска со адвокатот Ратко Ѓорѓиевски е изземена од судскиот процес каде фирмата „Енерџи меинтененс солушнс“ (ЕМС) во сопственост на Кочо Анѓушев го тужи Министерството за здравство и бара да му се исплатат пари за три изградени модуларни амбуланти, додека пак министерството бара договорот да се поништи поради незаконски потпишаниот анекс со кој се зголемила сумата на договорот. Овој судски процес сега, според АКМИС системот е…

Срамен избор на членови на Антикорупциската комисија: Најдобрите минаа лошо, лошите минаа одлично

Меѓу одбраните кандидати има и такви на коишто не им пречат нападите од политичари врз Антикорупциската комисија, кандидати со судир на интереси и такви коишто на интервјуата одбивале да одговараат на прашања коишто би можеле да вознемират некој политички или економски моќник. Претставникот на цивилниот сектор во комисијата за селекција, Снежана Камиловска Трпковска цени дека најдобрите извисиле, а слабите кандидати со лоши интервјуа добиле  највисоки оценки од партиите и од…