Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски би го критикувал изборот за советник за млади кој го направи премиерот Христијан Мицкоски. Назначувањето на Столе Пандов би било пречекано со жестоки критики од опозиционерот кој бараше вработување по мерит и беше гласен против непотизмот и партиските вработувања. Државата чиишто млади во најголем процент од сите земји во регионот сакаат да ја напуштат конечно доби власт којашто борбата со белата чума ја стави во врвните…
Уништените капацитети за производство на струја дополнети со актуелните војни во Украина и Блискиот Исток ќе имаат силен импакт врз македонската економија. Додека европските држави одбираат искрен пристап и ги мобилизираат своите жители за тешката зима која следува, македонските власти шират позитивна енергија и подготовеност којашто не се базира на никаква реална анализа. ИРЛ открива дека сите парламентари партии, дури и опозициските, не ги исполнуваат своите одговорности кон граѓаните. Комисијата…
Додека реките пресушуваат, проектите со малите хидроцентрали за кои постои мнозински отпор кај граѓаните продолжуваат. Нов „таргет“ на овој лукративен бизнис е планината Кожуф. Сопственикот на кладилниците „Спортлајф“ Ѓоко Стерјоски сака да гради две мали хидроцентрали на еколошки чистата река Дошница. Известува: Ивана Настеска, Пелагија Младеновска Трендот на малите хидроцентрали треба да престане и државата да се пренасочи на енергија од сонце и ветер, изјави пред една година тогашната министерка…
Светскиот рударски магнат Бени Штајнмец кој е поранешен сопственик на фабриката за преработка на никелова руда „Фени индустри“ во Кавадарци, во неделата на 13 октомври бил уапсен на аеродромот во Атина. Апсењето се спровело по европски налог за апсење издаден од Романија, откако судот во Грција пред две години одби да го екстрадира во таа земја. „Апсењето беше прекршување на одлуката за екстрадиција затоа што Апелацискиот суд во Атина веќе…