Изјава на денот Избегав едноставно, сакаа да ме ликвидираат, во Унгарија барам работа, ќе пишувам мемоари, а власта сама нека открие како избегав, ова го изјави поранешниот премиер Никола Груевски во интервју емитувано во вестите на телевизијата Сител во 19 часот на 2 фебруари 2019 година. Како заминав не кажувам, беше едноставно, но нека открие власта “Со луѓе од власта немам контакт, со сопартијци, ако мислите од раководството, немам. Не. Заминав…
„Господа политичари исчистето си го вашето ѓубре зошто пред избори ќе ве поклопи“ – изјави Марјан Ненов од иницијативата Здружение за чист воздух за време на денешниот протест пред депонијата Дрисла.
„Од 2015 кога станав министер за внатрешни работи до денеска, има повеќе од 50 случаи откриени и процесирани на фалсификувани дипломи на вработените во МВР. Дали е фалсификувана диплома за средно образование или е фалсификувана диплома за високо образование. Вториот податок е што најголемиот дел од тие фалсификуваните дипломи, беа на лица што заземаа високи позиции во хиерархијата на МВР и тој процес не застанува.” – изјави министерот за внатрешни работи Оливер…
Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осудува реакцијата на турската амбасада во Скопје, која весникот „Заман Македонија“ што излегува во Македонија, го нарече терористички билтен на ФЕТО, се вели во соопштението на ЗНМ испратено по реакциите на турската амбасада која што ја обвини владата дека финансира „терористички“ весник откако „Заман“ доби поддршка од 15, 000 евра владини субвенции. „За еден весник, кој 25 години излегува во Македонија да се…

















