Проверено ЕП.9 – Шоуто мора да продолжи Музиката не расположува. Музиката ни предизвикува емоции. Но, музиката е и бизнис. Голем бизнис. Особено ако во истиот раце вмешува и државата. Тогаш почнува да станува државно спонзориран бизнис. А во секој таков, рацете се валкани. Ова издание е посветено на работата на ЗАМП. Организација со која никој не сака да биде на лоша нога. Зошто?!
Проверено ЕП.8 – Судско тефтерче Без независно судство не може да постои владеење на правото, ниту пак да имаме демократска држава. Судството е клучно за Македонија да стане правно сигурна земја за сите граѓани. Но, состојбата во правосудството со години е благо речено очајна. Имаме корумпирани и пристрасни судии, обесправени и исплашени граѓани и Судски совет кој наместо да биде чувар на судското достоинство и довербата на граѓаните во судството,…
Проверено ЕП.7 – Отплеткување на пајажината Скопје 2014, престолнината на кичот како што го нарекуваа многу од интернационалните медиумии или седиштето на лажниот барок. Оваа емсија е посветена на лагите ама и на парите. Едни го градеа лажниот барок, други пак го рекламираа пропагирајки го како врвно естетско и политичко дело на власта водена од Никола Груевски. Едни градеа, други фалеа, трети плаќаа, а тие трети беа граѓаните. Ова издание…
Проверено ЕП.6 – Пратенички башибозук Што прават пратениците секој петок? Наместо да бидат на своите работни места и да ја почитуваат законската обврска за средби со граѓани, тие си земаат гратис слободен ден. Ги нема во Собранието, ниту пак во народните канцеларии. Петак е буквално дан за метак за пратениците. Тие забораваат дека граѓаните ги бираат и плаќаат за да ги застапуваат нивните интереси во Парламентот. Во најновата епизода на…