Киндер јајцето одлучи кој ќе биде заменик претседател, а преполната сала новинари и сниматели навести дека новиот состав на Антикорупциската комисија ќе има сериозен притисок да ги исполни ветувањата за транспарентност и отвореност кон јавноста. За прв пат по повеќе години, на редовна седница на Антикорупциската комисија влегоа камери. На лотарија со Киндер јајце баџанакот на Талат Џафери, Нури Бајрами, избран за заменик претседател На почетокот на седницата, веднаш по…
Милиони пациенти низ светот се жртви на недоволно тестирани хируршки импланти кои наместо да спасуваат животи, убиваат, парализираат, трујат, предизвикуваат шокови, се извртуваат во градите на пациентите или доведуваат до ампутации, додека немилосрдната индустрија на медицинска опрема ги прегазува правните и етичките граници. Како и фармацевтската индустрија, така и оваа е изградена на грбот на корпоративно и политичко влијание. Во снимен повик до брзата помош може да се слушне суровата агонија…
Аркадиј Ротенберг, пријател на Владимир Путин од детството, минатата недела доби државен договор за спроведување на антикорупциска обука и развој на граѓанското општество низ целата земја. Руската влада додели 46 милиони рубли (688.000 американски долари) на Грант ЛЛП за насочување и менаџирање на јавни дискусии и конференции. Според руската корпоративна база СПАРК, оваа компанија е во целосна сопственост на Ротенберг. Поранешниот џудо партнер на претседателот Путин, Ротенберг има огромна корист од…
Судот на Црна Гора во вторникот го осуди за виновен за шверц со дрога и злосторничко здружување истражувачкиот новинар Јово Мартиновиќ, кој истражуваше организирани криминални групи. Меѓународните организации за слобода на печатот ја прогласија пресудата за неправедна и побараа веднаш да биде ослободен. Јово Мартиновиќ беше осуден на 18 месеци затвор. Двете обвиненија против него биле поврзани со неговата работа како новинар, при што судот тврдел дека тој ја употребил…