ИРЛ ги праша пратениците како ќе постапат по повикот за акција во кој 5 000 граѓани побараа надзорна расправа за системските пропусти кои водат до несреќите. Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дадоа шокантни изјави – дека тие не одговараат пред избирачите, туку пред партијата. Некои поднесоа и пријави за нарушување на приватноста од страна на ИРЛ поради споделување на нивните службени мејлови, други никогаш го немаат ниту отворено службениот…
Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, премиерно се прикажуваше на Меѓународниот филмски фестивал Оденсе (ОФФ Фестивал) заедно со 147 филмови од 39 различни земји. „Мала шега“ е во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар. Кратките филмови кои се прикажуваат на ОФФ фестивалот…
Во истражување на Комитетот за заштита на новинарите од 2020 година, истражувачките новинари кои работат на финансиски криминал и висока корупција во 41 држава, за првпат одговориле дека број еден закана за нивната работа се корпорациите, а дури потоа владите и организираниот криминал. Нивното влијание врз нашите животи станува се поголемо, а највидливо е преку контролата на медиумите. Но, дали граѓаните можат да ја преземат контролата назад и како да…
Шефот на скопското Јавно обвинителство Гаврил Бубевски е гостин во поткастот на Редакција што ќе се емитува на јавниот сервис МРТ1 вечерва, вторник во 20:15 часот. Со обвинителот Бубевски разговараме за повеќе актуелни предмети кои ги отвори обвинителството, довербата во правосудството, како и центрите на моќ кои ја поткопуваат правдата. Повод за разговорот со скопскиот јавен обвинител беше сторијата на ИРЛ за штетните суплементи кои се откриени во додатоци на…