Мексикански новинар кој известуваше за организиран криминал и нарко картели, петокот беше застрелан и убиен во неговиот дом во северна Сонора. Ова е третиот новинар кој е убиен во Мексико оваа година. Сантијаго Баросо (47) ја отворил својата врата откако слушнал тропање, по што бил застрелан. Тој бил погоден еднаш во градите и двапати во стомакот, според Мрежата на новинари на Сонора, организација во која тој бил член. Атентатот беше…
Катица Јанева и останатите обвинители, и тоа под услов да бидат избрани, ќе добијат и шеф и лимитирани ингеренции. Со закон на владата СЈО повеќе нема да е независна институција, туку обвинителство кое ќе биде под управата на Државното јавно обвинителство водено од Љубомир Јовевски. Во сите случаи за кои СЈО поднесе обвинение до 30 јуни 2017 година како докази можат да се користат прислушуваните разговори. За истрагите и предметите…
Дали навистина сестрите, браќата, сватовите и децата на функционерите биле најдобрите можни кандидати за атрактивните работни позиции на кои биле назначени во државните институции и јавните претпријатија. Како што беше најавено на првата седница од новиот состав на Антикорупциската комисија, денес се отворија постапките за можното постоење на судир на интереси и непотизам при вработување. Антикорупционерите на денешната седница го објавија списокот со 18 државно вработени роднини на пратеници и…
Новиот состав на Антикорупциската комисија кој денес ја имаше првата седница, ќе ги истражува вработувањата на лица блиски до функционерите на СДСМ и ДУИ во ЕЛЕМ и МЕПСО. Претседателката Билјана Ивановска во одговор на новинарско прашање рече дека тие ќе ги истражат овие случаи иако немаат преставки за непотизам. „За ова нема преставки, но законот остава можност ние самите да провериме. Ќе ја побараме целата документација за синот и братот…

















