Во теорија повеќе партии би значеле и поголем избор, но наместо различни политички идеи, впечатокот на граѓаните за етаблираните партии е дека тие работат за да и овозможат на мала група на луѓе да се збогатат што е можно повеќе и да останат на власт што е можно подолго. Одлуките кои ги носеле политичките елити во минатите 20 години покажуваат дека тие смислено и сложно креирале закони кои ќе ја…
Оние кои придонеле Македонија да стане длабоко корумпирана земја во која правдата е речиси невозможна, се и оние кои се борат за власт. Довербата во партиите паѓа, но програмите „дишат“ во друга димензија и нудат фантастични решенија за борба со криминалот и корупцијата. ИЗБОРИ 2024: Ова ли е тоа? Пишува: Maja Јовановска Последните извештаи на меѓународните организации кои го мониторираат напредокот на државата во клучните аспекти кои се пресудни за…
Во Кичево често се гради спротивно на одобренијата или без одобрение. Општината, обвинителството и полицијата знаат што се случува, но никој не презема ништо. Тоа е така затоа што преовладал економскиот интерес на локалните моќници од Кичево, поддржан од општината преку партиски и семејни врски. Преку семејни врски во општината ИРЛ ги открива виновниците за бетонската трагедија која го снајде градот. Известува: Александра Денковска; Графика: Лука Блажев Сместен во западниот…
Господинот Кочо Анѓушев веќе најмил адвокат во САД и поднел жалба, но амбасадорката Агелер не верува дека тоа ќе му ја промени судбината. ’Не би се обложувала на тоа‘, рече Агелер за амбициите на Анѓушев да и докажува на американската администрација дека е чесен. Според неа, тој на црната листа завршил поради цврсти докази, а не поради сомнежи. Известува: Александра Денковска Речиси е невозможно да се преиначи одлуката на Стејт…

















