Судскиот случај во кој докторот Жан Митрев е обвинет дека со умисла довел во заблуда 283 пациенти кои во неговата клиника се лекувале од КОВИД-19, може да стартува од почеток. На денешното рочиште против него судот извести дека две судијки поротнички одлучиле да се повлечат поради лични причини. Откако се сослушаа голем дел од сведоците во судската постапка која трае година и пол, процесот за измама на пациенти кој се…
Култниот скопски белег Скопскиот саем веќе не постои. Халите во кои се организираа саеми, музички концерти, беа урнати и завршија на отпад како старо железо. Скопјани може само носталгично да се присетуваат на Скопскиот саем кој со политичка одлука го снема за да се изградат современиот трговски центар и станбен комплекс – „Ист гејт“. Инвестицијата е на веројатно најбогатиот Албанец, Самир Мане. Цената да се изгради трговскиот центар со сомнително…
Веројатно најбогатиот Албанец во светот, Самир Мане, сопственик на Групацијата „Балфин“, чие богатство се проценува на околу две милијарди долари, има успешна „петолетка“ во бизнисот со недвижности во Албанија и Македонија. Во 2021 година во Македонија го изгради трговскиот центар „Скопје ист гејт“. Потоа бизнисот го прошири во приморскиот албански град Валона. Неговата компанија „Балфин“ во 2022 година таму доби пристап до државно земјиште. Конзорциум составен од четири други фирми…
Самир Мане можете да го видите насекаде. Тој е трговец, хотелиер, градежник, банкар. Одржува добри релации со политичарите и со медиумите, но и со македонската и српска олигархија. Најдобро „плива“ со државни зделки и важни пријатели на вистинските места. Известуваат: Иван Блажевски, Линдита Чела Нема сектор од економскиот живот во Албанија каде што го нема името на Самир Мане. Неговата мрежа на компании вбројува операции со трговски центри, супермаркети, градежништво,…

















