Европската федерација на новинари (EFJ) и Меѓународната федерација на новинари (IFJ) денеска остро реагираа по вчерашната одлука на Апелациониот суд во Скопје против ИРЛ и главната уредничка Сашка Цветковска, оценувајќи дека судот отвора пат за цензура, а судската одлука е оквалификувана како опасен авторитарен потег кој треба да се ревидира. Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на ИРЛ и Цветковска и ја потврди првостепената пресуда во која пишуваше дека Анѓушев бил…
Од гонетите 23 полициски службеници, во моментот кога избувнал пожарот во „Пулс“ биле присутни десетмина. Ниту еден од нив не го спречил палењето на пиротехниката иако биле должни да го сторат тоа. Обвинителството за гонење организиран криминал каде што се водеше втора, засебна истрага за одговорноста на полицијата, денеска соопшти дека поднело три обвиненија. И во оваа истрага обвинителството се соочило со проблематични закони за кривично гонење со кои некои…
Помина полoвина година откако обвинителството отвори истрага за 43 лица кои неколку години мамеа граѓани и со лажни лични карти во нивно име подигаа брзи кредити. Обвинение сѐ уште не е поднесено. Обвинителот побарал нови шест месеци за да ја заврши истрагата. Дел од осомничените веќе излегоа од притвор. Известува: Александра Денковска Гоцевска Сите тројца осомничени кои беа притворени за измамите со брзите кредити повеќе не се во истражниот затвор…
Обвинителството ќе ја вештачи викендичката на Попова Шапка во сопственост на универзитетскиот профeсор од Државниот тетовски универзитет Фатон Мурсели за да утврди кога точно била изградена. Семејството кое обвинува дека плацот им е узурпиран, достави докази за платени придонеси за изградба на викендичка уште од времето на Југославија. Известува: Иван Блажевски Во осумдесеттите години на минатиот век секој кој сакал да гради викендичка на Попова Шапка требало да плати давачки…

















