Претседателот на Комисија за економија на СДСМ, воедно и заменик министер за економија, Кирил Колемишевски денеска од партиското седиште се пофали дека економијата е стабилна и се движи во добар правец.
„Успесите во економијата се и меѓународно признати. Според Индексот на економски слободи за 2019, објавен од фондацијата „Херитиџ“ државата е рангирана на 33 место во светот според индексот на економски слободи за 2019 година. Со тоа, нашата држава е најслободна економија во регионот“ – рече Колемишевски.