„Во држави рекордери по индексот на корупција, криминалот и корупцијата се развиваат само ако државата е нивен заштитник. Рангирањата покажуваат дека оваа влада штити криминал и произведува корупција. Потребни се коренити реформи и воспоставување на владеење на правото и правна држава, реформирано и независно судство. Граѓаните да се чувствуваат заштитено, сигурно, да може да добијат правда кога се нападнати од неправда. Тоа го ветуваме ние.“ , изјави во видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски. Партијата чиј поранешен претседател е во бегство, осуден и обвинет за милионски криминал, а десетици други бивши функционери се дел од судски процеси за перење пари, уцени, финансиски малверзации, тероризам, насилство.

Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Повеќе од Изјава на денотПовеќе теми во Изјава на денот »