Press "Enter" to skip to content

Имам што да кажам: Институциите за младите, но само во пораките на пиарот

Младинскиот тим „Крик“ на Истражувачката репортерска лабораторија секоја недела ќе емитува интервјуа и анализи чија мисија е да ги прикажат големите проблеми од сферата на владеењето на правото и борбата со корупција преку потребите и проблемите кои ги мачат младите. Дел од нашата мисија е да им дадеме глас и видливост на идните лидери во јавниот живот и да го претставиме неискористениот потенцијал на храбрите, прогресивни млади кои останаа во Македонија.

Зошто приказната на ЕАСА

Секој ден владините фунцкионери не потсетуваат дека младите се нивниот приоритет. Нема ден во кој и опозициските политичари не изразуваат грижи што владините политики не ги враќале избеганите млади назад. Ова издание на Имам што да кажам не е посветено на реформите во секторот млади. Ова е приказна која што ги лоцира системските проблеми кои што спречуваат политичките говори да се преточат во конкретна акција и поддршка на младите.

Група млади архитекти успеваат прв пат во 40 години да доведат престижен европски настан за млади архитекти во Македонија. Селото Трпејца во Охрид годинава во Октомври ќе биде домаќин на 230 млади архитекти од Европа и светот благодарение на група амбициозни студенти по архитектура кои што волонтерски ја преземаат оваа акција во свои раце.

Долга борба со институциите за да бидат чуени

Помош им дала општина Охрид, Холандската и Полската амбасада, а скромна помош дошла и од Комората на овластени архитекти и општина Охрид. Останатите пари се собирале преку котизации од учесниците и други лични напори на организаторите, како нивни донации. Работата ја истерале речиси докрај, но недостасувале неколку илјади евра за целиот настан. Една година барале поддршка од македонските институции. Следувале преписки и безполезни средби со Агенцијата за млади и спорт и со личниот советник  за млади на премирот Зоран Заев, Ѓорѓи Тасев.  Агенцијата за поддршка на туризмот им сугерирала да аплицираат на отворен повик, за потоа да ги одбијат. Образложението било дека тие поддржувале манифестации, а собирот на младите архитекти и студенит од Европа бил конференција. Им дале нула бодови.

Кога започна ангажманот на ИРЛ во подготовката на оваа приказна, под притисок дел од институците се одважија да ја помогнат оваа младинска иницијатива, како Агенцијата за млади и спорт која веќе преговара поддршка.

Обесхрабрени или демотивирани, прашавме какво е чувството од перспектива на млади кои без партиски врски се обидуваат да се вклучат во општствениот живот и да најдат поддршка за нивните иницијативи.

Погледнете го видеото:

 

 

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »