Press "Enter" to skip to content

Горан Милевски: Секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон, тоа е невозможно да се издржи

 

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски вели дека на општините им е неопходно целосно реорганизирање. Тој рече дека ќе се залага на следните локални избори да има отворени листи за избор на советници и смета дека на тој начин нема да се трупаат административци и ќе се зајакне контролата врз  одговорните лица.

„Градоначалниците да влезат со тимови, кои ќе  имаат мандат додека трае мандатот на градоначалникот. Вака секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон. Тоа е невозможно да се издржи“, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој рече дека Владата планира да го прошири процесот на децентрализација на локалната самоуправа и дел од надлежности на државата да преминат кај општинските власти.

„Разговаравме со сите министри, да видиме што тие се подготвени да отстапат од своите надлежности на општините. Ние правиме анализи, кон крајот на август се состанува експертскиот тим и ќе направиме некоја драфт верзија во која што сакаме да се вклучи и општината“, изјави Горан Милевски, министер за локална самоуправа.