Press "Enter" to skip to content

Доналд Туск: Членките на ЕУ да си ја завршат својата работа, Северна Македонија ја заврши својата

Претседателот на Советот на ЕУ за време на денешната посета на Скопје им порача на лидерите на земјите членки на Европската Унија, да си ја завршат својата работа.

„Скопје е најдоброто можно место од каде би сакал да ги повикам лидерите на земјите членки на ЕУ, да ја завршите вашата работа, бидејќи Северна Македонија веќе го заврши своето” , изјави Туск.

Туск додаде дека е кристално јасно дека во Брисел не постои сомнеж во однос на политичката обврска на државата кон владеење на правото и борбата против корупцијата.

„Вашата земја во последните две години направи се што се очекуваше од неа со цел да можат да се отпочнат преговорите, согласно препораките од Европската комисија”, додава Туск. 

Денешната средба на Доналд Туск со премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, се случува пократко од месец пред разгледување на прашањето за започнување на преговори за членство во ЕУ.