Компанијата Феро Инвест, испрати демант на сторија објавена на irl.mk. Демантот се однесува на одговорот на демант кој Истражувачката репортерска лабараторија го подготви, откако речиси синхронизирано реакции до нашата редакција пристигнаа лично од господниот Кочо Анѓушев и фирмата Соларпро Холдинг од Софија. ИРЛ веќе ги објави наведените деманти иако Феро Инвест во јавен напад кон ИРЛ преку други медиуми и пиар лажно информираше дека ИРЛ не ги објавила нивните деманти. Реакцијата на Феро Инвест, компанија која реагира во име на господинот Кочо Анѓушев, ја пренесуваме во целост:
„г-н Кочо Анѓушев нема никаква сопственост врз проектот ФЕЦ Осломеј, ниту целосна ниту делумна. РЕС се занимава со трговија со струја и нема никаков сопственички удел, ниту целосен ниту делумен, во ФЕЦ Осломеј.
Вашиот обид да прогласите вертикална сопственост преку хоризонтална кадровска поврзаност на фирми е досега невиден во корпорациското работење и зборува или за капацитетот за разбирање на темата или за намерно лажно информирање.
Уште еднаш потенцираме: г-н Анѓушев не е сопственик на ФЕЦ Осломеј.
Фотонапонската централа има сопственик и изведувач избран на јавен оглас од државата, кој самиот Ве демантираше и реагираше до Вас по Вашиот обид да оспорите легална сопственост на странска компанија во Р. Северна Македонија.
Бараме овој демант да се објави на начин како што е пропишано во Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда член 14, и согласно новите технологии за дисеминација на информации да го објавите и на сите канали на ИРЛ на социјалните мрежи каде сте го објавиле и спорниот текст, на ист начин, формат, техничка уреденост како што е објавен спорниот текст.“
ФЕРО ИНВЕСТ ДОО
На следниов линк прочитајте го одговорот на ИРЛ на претходните деманти на Анѓушев и Соларпро.