Press "Enter" to skip to content

Финансирање на политички партии

Проверено ЕП.16 – Финансирање на политички партии ВМРО-ДПМНЕ пак собрала најмногу пари од донации од граѓани за партијата. Институции, претпријатија и студентски домови на листата на партиски донатори на ДУИ. Бизнисите печалат од власта, но на списоците за донатори има само обични смртници – што кријат партиите и зошто никој не сака транспарентно финансирање на политичките партии?

Меритократија

Проверено ЕП.15 – Меритократија СКако се станува директор во државна фирма? Кој одлучил дека баш бабата на Рашковски е најсоодветното кадровско решение за во управни одбори? Зошто се кријат биографиите на одбраните директори? Проверено открива и кои министри се членови на владината комисија за именувања низ чии раце поминуваат сите предлози за кадровски решенија. Продукција: Истражувачка Репортерска лаборатија Продуцент: Сашка Цветковска Уредник: Маја Јовановска Редакција: Александра Денковска, Биљана Секуловска, Јован…

Орбан во пропагандна офанзива во Македонија

Проверено ЕП.14 – Орбан во пропагандна офанзива во Македонија Со години лажеа. Ширеа говор на омраза. Потпалуваа тензии. Ги етикетираа критичарите на Груевски и учествуваа во едни од најсилните поделби на граѓаните. Сето тоа во име на лидерот. Но, медиумите на Груевски добиваат нови сопственици – луѓе блиски до унгарскиот претседател Виктор Орбан. Што сакаат политичките пријатели на ВМРО-ДПМНЕ купувајќи медиуми на Балканот? Кој и зошто би го окрупнувал пропагандниот…

Опоен бизнис

Проверено – Опоен бизнис Кој ги насади првите плантажи со марихуана во Македонија? Како братчедите на премирот Заев добија лиценци и станаа дел од овој бизнис. На овие прашања во интервју одговара лично премиерот. Кои се играчите и колку тежи овој вносен бизнис погледнете денес во емисијата на Проверено.