Наместо сопственикот на дивоградбата, полицијата во Охрид ги приведе тројцата градежни работници кои во моментот мешале малтер за куќата. Во акцијата, како што соопшти СВР Охрид, уапсени се двајца работници од струшкото село Радолишта и еден градежник од Албанија. Тројцата се приведени вчера попладне по барање на Секторот за градежна инспекција во општината Охрид поради безправно градење. „Вчерашниот настан покажува дека Локалната самоуправа цврсто е определена брзо и ефикасно да…
Тоа што нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, за новинарот Томислав Кежаровски е пораз а не триумф. Кежаровски е лут бидејќи нема да му се суди поради застарување на делото, а не затоа што е невин. „Во 2013 година ме осудија на 4,5 години затвор, во 2015 година Апелација кажа „само“ две години. А денеска обвинителството „на Русковска“ ме осуди на казна доживотен затвор“, реагираше Кежаровски на својот…
Нина Ангеловска денеска ја имаше првата прес конференција како министерка за финансии. Се појави заедно со човекот којшто самиот сакаше да биде министер за финансии. Кусо време Заев имаше двојна функција, кога освен што беше на чело на Владата го покриваше и секторот финансии. Но, кога веќе не можеше да биде и премиер и министер и’даде шанса на Нина Ангеловска. Ангеловска за себе вели дека е вистински човек за таа…
По повод денешниот штрајк на просветните работници под закрила на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), денеска ИРЛ објави писмо на наставничка од основното училиште “Владо Тасевски” од Скопје. Професорката Симона Петковска Илиеска се осврна на коментарот на посебниот советни во кабинетот на претседателот на Владата Марјан Забрчанец, којшто вчера на социјалните мрежи упати критика до штрајкувачите. Во продолжение прочитајте го одговорот на советникот до наставничката. На овој линк…

















