Бојан Јовановски, првоосомничен за случајот „Рекет“, денес за прв пат беше повикан во Јавното обвинителство да даде исказ пред шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. По еден час распит тој е вратен во затворот во Шуто Оризари, каде што е во притвор од неговото апсење на 15 јули. По распитот неговиот адвокат, Сашо Дуковски за медиумите изјави дека Јовановски одбил да даде исказ затоа што обвинителката…
Претседателот Стево Пендаровски се откажува од државните привилегии кои му следуваат по истекот на мандатот. Во изјава за тв 24 од неговиот Кабинет велат дека тој ќе се откаже од правото на користење на канцеларии со соработници и од доживотната претседателска пензија. „По истекот на мандатот претседателот смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде би ги извршувал протоколарните активности“ – велат од…
„Јас немам ниту обврска, ниту право да прашувам и истражувам како се финансира телевизијата пред да прифатам да бидам нивен гостин“, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска во интервју на емисијата 360 степени на телевизијата „Алсат“. Дескоска одговараше на прашањето на новинарот Васко Попетревски кој ја праша министерката дали се чувствува непријатно поради своите лични контакти со првоосмничениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски. На ова прашање, Дескоска рече…
Директорот на ФЗО, Ден Дончев на денешната прес-конференција во Владата ги отфрли обвинувањата изнесени од страна на поранешната сопственичка на ДИАМЕД Вера Ивановска, која поднесе кривични пријави против Дончев и министерот за здравство, Венко Филипче за оневозможување на продажбата на „ДИАМЕД“ на шведската компанија „ДИАВЕРУМ“. Дончев рече дека во 2013 година Министерството за здравство спровело тендерска постапка за доделување концесија за дијализа, која дотогаш била правена во рамки на јавното…

















