Ќе се гради со општински и државни пари, а изведувач е фирма на пријател на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Документите кои што ги прибра ИРЛ покажуваат дека власта со леснотија доделила половина милион евра на проект испишан на половина страница, со апсурдни образложенија и многу промашени букви. Градоначалникот Фатмир Дехари тврди дека предлогот бил на жителите, но жителите велат дека не сакаат парк, туку пристап до основните сервиси како пат,…
ИРЛ откривa дека Фатмир Дехари живее во стан од 172 квадрати во нов станбен комплекс во Кичево, а не во семејната куќа во селото Србица. Станот се води на фирмата „АС Сењак“ во сопственост на бизнисменот Селаудин Арифи. Фирмата „АС Сењак“ е во топ петте фирми со најмногу тендери од општината, а сопственикот Арифи е во сватовска врска со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Известува: Маја Јовановска / Илустрации: Лука…
Најскапата државна зделка за купување мазут за ТЕЦ Неготино е коруптивна – се сомнева Државната комисија за спречување на корупција. Компанијата РКМ на бизнисменот и поранешен политичар Ратко Капушевски испорачувала помалку мазут а Електрани на Северна Македонија потпишувала анекси со оваа комапнија на веќе неважечки договори. РКМ и годинава увезува илјадници тони мазут вклучително и од босанската ХИФА Оил за која пред три година беше констатирано дека продавала загадувачко масло…
Господинот Кочо Анѓушев веќе најмил адвокат во САД и поднел жалба, но амбасадорката Агелер не верува дека тоа ќе му ја промени судбината. ’Не би се обложувала на тоа‘, рече Агелер за амбициите на Анѓушев да и докажува на американската администрација дека е чесен. Според неа, тој на црната листа завршил поради цврсти докази, а не поради сомнежи. Известува: Александра Денковска Речиси е невозможно да се преиначи одлуката на Стејт…

















