Милиони долари од некои од најголемите светски компании завршуваат кај луѓе чии веб страни се креирани со цел да ја доведат во заблуда јавноста и да шират дезинформации. Над 20.000 веб-сајтови, кои претставуваат ризик за дезинформација генерираат околу 235 милиони американски долари годишно, покажува студијата објавена минатиот месец од Глобалниот индекс за дезинформации (ГДИ) од Лондон, пренесе „Дојче Веле“, објави ССНМ. Така на пример, на сајтови како „Твитичи“ и „Нулта…
Разочарана што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца, напиша денеска на својот фејсбук профил министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, за протестот на жителите во Визбегово. „Во однос на протестот на дел од жителите во Визбегово, навистина сум разочарана што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца. Трите деца сместени во малиот групен дом во Визбегово за…
Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески за ИРЛ изјави дека обвинителството не постапува селективно кон ниту едно лице за кое има индиции или докази дека е инволвирано во случајот „Рекет“. Во тоа, вели јавноста ќе се увери во текот на судската постапка, кога ќе бидат презентирани сите докази. „Јавноста ќе може тогаш комплетно да процени преку вас медиумите дали ние определени работи сме ги испитале или не сме ги испитале докрај,…
Со оглед на неопходните средства да се отстранат галиите од реката Вардар, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој и во предизборната кампања го форсираше прашањето со галиите, најави нова мерка. Шилегов денеска порача дека со парите од запленетиот имот на ВМРО- ДПМНЕ, ќе се обесштетат сопствениците на галиите во Вардар, а потоа ќе ги отстранат од речното корито. „Отстранувањето ќе не чини 6–7 милиони евра. Кога ќе се заплени имотот на…

















