Започна судењето за случајот наречен “Рекет”. Полна судница, инекции дијазепам, барање за оштета од 1,5 милион евра од еден не толку омилен бизнисмен – Јордан Камчев. Чувме драматични говори на Катица Јанева, Вилма Рускоска и Бојан Јовановски. Еден молчелив обвинет призна вина – Зоран Милевски Кичеец. ИРЛ ви ја пренесува атмосферата од судницата. 09:30 Граѓаните се навикнати да гледаат репортери и камери пред Судот, особено по 2016 година кога се…
Министерката за правда Рената Дескоска се огласи за информацијата дека поранешниот премиер Никола Груевски бил уапсен во Унгарија, која изминатите неколку дена кружеше во јавноста. Лажната вест беше демантирана од Министерството за правда, а министерката на својот Фејсбук профил напиша објава во која изрази жалење дека станува збор за лажна информација. „За жал, демантираме дека Груевски е уапсен. На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството…
Ќе се потрошат десетици илјади евра на маркетинг услуги. Дел од парите ќе одат за реклама во медиумите, друг дел за пиар агенција којашто ќе организира прес конференции. Ќе има и за флаери и брошури. Сето ова за борба против загадувањето, или барем така тврдат во ПОЦ бидеќи во самата тендерска документација нема вакви објаснувања. На страната на Јавни набавки осамна еден невообичаен оглас од Паркинзи на Општина Центар. „Реклама…
Премиерот Зоран Заев во денешното обраќање до граѓаните преку социјалните мрежи најави борба со „ последни упоришта на заробената правда“. Тој рече дека правосудството мора да се прочисти од нечесни судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните. ,,Изминативе две и пол години се покажа дека судството остана последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и…

















