Суплементите за слабеење од добропознатиот бренд Слимлајн, кои содржат забранет сибутрамин, една година нема да се продаваат на македонскиот пазар. Судот ги казни за измама фирмата СЛЦ Груп и управителката Андријана Павловиќ. Нејзината мајка, пак, незадоволна од пресудата вербално ги нападна судијката, репортерката на ИРЛ и оштениот во случајот, ракометарот Горан Кузмановски. Интервенираше и судската полиција. Известува: Лила Караташева Фирмата „СЛЦ Груп“ која стои зад брендот „Слимлајн“ и управителката на…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан продолжува да се пресметува со независните медиуми и невладини организации во Унгарија кои ја критикуваат работата на неговата влада. Последни се две угледни организации, едната е медиумска – Атлатцо која е дел од меѓународна мрежа за известување за организиран криминал и корупција, а втората е невладината организација Транспаренси интернешнал Унгарија, која се бори против корупција. Истрагите се отворени под изговор дека овие организации се закана за…
Маја Јорданова преку адвокатот Тони Менкиноски тврди дека ИРЛ објавило „определени невистини, аналогии и интерпретации“, но освен рецензија на нашето истражување и објаснување на нејзините емоции, тие не ги демантираат фактите објавени во текстот од 13 јуни насловен „Службеничка од пошта ги штитела електраните на ЕСМ од пепел, пеплосан државниот буџет“. Во својот допис наречен демант, а повикувајќи се на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, таа бара да го…

















