Пркосните жители од слепата уличка во Пржино денеска му послаа бело платно на инвеститорот кој до нивните куќи гради станбен комплекс од четири четирикатници. На платното долго 50 метри со црни букви е испишано: Ред, ДУП, закон, право, жители, почит. Камионот помина низ нивната улица до градилиштето по платното, а жителите со дрон го снимија „погазувањето“ врз сите зборови кои значат правда и правна држава. Минатата недела инвеститорот почна да…
Вечерва во Пржино се судрија гневните и разочарани жители од слепата уличка каде што започна градбата на станбен комплекс. Инвеститорот со кола ги гази реквизитите на жителите за утрешниот протест против неговиот објект. Во моментов во Пржино има полиција. Жителите од малата слепа уличка чија што борба за достоинствен урбан живот трае со години, на почетокот на оваа недела започнаа протести кога се појави првиот багер. “Некој му јавил за…
Жителите на улицата „Пржино“ денеска ги спречија инвеститорите да почнат да го расчистуваат теренот за изградба на четири четирикатници до нивните куќи. ИРЛ го следеше апсурдното урбанистичко решение за малата пржинска улица. Преку неа ги илустриравме контроверзните законски и општински одлуки носени со партиски консензус во Советите, а со кои што од општината Кисела Вода се направи најконроверзната урбанизација на оваа скопска населба. Градежно – полициска офанзива Утрово околу 10…
На Маврово се гради. На хартија куќи, во реалноста зграда. Веќе има и една изградена. Таа требало да биде хотел, но газдата си продаде станови. Во најава се и нови градилишта до ски терените. ИРЛ разговараше со Медат Куртовски, градоначалникот на Маврово, за опасноста од неповратни загуби во име на профитот во Нациоаналниот парк „Маврово“. Тој вели дека во општината нема доволно туристички легла, а тие се стремат да го…

















