ИРЛ работи на ново истражување за незадоволството на граѓаните од фирмите за одржување на станбени објекти. Истражувањето го почнавме од пријава на граѓанин и поради тоа сакаме да го слушнеме вашето мислење и да откриеме со какви проблеми се соочувате. Времето на одговарање на анкетата е околу две минути. Вашите одговори ќе ни помогнат да ја откриеме целата слика и да дојдеме до сржта на проблемот.
Судењето за случајот „Слимлајн“ и продажбата на суплементи за слабеење со опасниот „сибутрамин“ конечно заврши. По четири години поминати по судници, десетина одложувања и променет обвинител, процесот конечно завршува. Завршните зборови на обвинителството откриваат дека компанијата продавала и суплементи со поминат рок во Косово откако биле вратени од македонските аптеки. Обвинителството ги гонеше фирмата „СЛЦ Груп“ и управителката Андријана Павловиќ за измама на потрошувачи затоа што иако знаеле дека нивни…
Повторно ни е потребна вашата помош и вашето мислење на тема која за нас е многу важна. За ИРЛ следува период на промени и иновации и се разбира вие ќе бидете вклучени во секој чекор од нашата работа, па затоа ве замолуваме да одвоите неколку минути за да одговорите на нашата анкета и да ни помогнете да ги најдеме најдобрите решенија за функционирањето на нашата организација.

















