Press "Enter" to skip to content

Државно спонзорирани медиуми: „Македонија вечна” во продукција на СДСМ

Во пресрет на локалните избори, Владата ја подотвора вратата повторно да дозволи државно спонзорирање во медиумите. Пред една недела Министерството за економија распиша два тендера во вредност од 220.000 евра за промоција на туризмот преку реклами во интернет портали. Еснафските новинарски здруженија стравуваат од можен поткуп и таргетирање на „свои“ медиуми каде ќе се слеваат парите. Од Владата тврдат дека кампањите биле дел од напорите да се помогне на овој…

Пркосот на Стојко Пауновски пука во поданичкиот менталитет

Стојко Пауновски е лојален член на матичната партија. Но, и човек со сопствено мислење и ставови. Тоа ќе се покаже како погубно за неговата кариера и неговите несогласувања со политиките на власта ќе го тргнат преку ноќ од листата на пријатели на премиерот. Зоран Заев со Артан Груби и Љупчо Николовски ќе почне вистинска крстоносна војна против Пауновски и ќе се бара неговата оставка.  Но, директорот доби неочекувана поддршка од…

Богдановиќ ја фрли првата лопата на Водно и го отвори патот до плацевите на Камчев и Ексико

Со првата издадена дозвола за градба, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, го отвори патот за уништување на шумата на Водно. Озлогласените плацеви од „бомбите“ на СДСМ купени со сомнителни пари и офшор фирми, станаа градежно земјиште на кое наскоро ќе почне изградба на првата хациенда. Неа ќе ја гради Филип Костиќ, лице непознато во елитните бизнис кругови. Пишува: Маја Јовановска; Дополнително известување: Александра Денковска, Давид Илиески; Илустрација: Лука Блажев…

ОДГОВОРНОСТ

Старата и немоќна мајка на Златко Божинов во вонредни услови ќе најде сила и начин да го одржи во живот тешко повредениот и премрзнат син додека да дојде помош. Иако борбата со тешко-проодливиот планински терен ќе трае со часови, лекарите од Здравствениот дом во Кратово ќе најдат начин да стигнат до 65 годишниот сточар Божинов на кој му треба Итна помош. Единствените кои тој ден ќе потфрлат се институциите кои…