Press "Enter" to skip to content

Проект Радика: Сите луѓе на ресортот

Приватното село од 87 типски луксузни вили кои ќе се продаваат од 220.000 до 300.000 евра прв го замислил еден од најбогатите луѓе во Албанија. Тој бил и газда на најугледниот хотел во Маврово Леуново. Тој прв ги рушел административните бариери за следниот сопственик да започне со реализацијата. Новиот косовски стопанственик е омразен кај еколошките активисти поради неговите зделки со малите хидроелектрани во Косово. Планот започнал со ВМРО-ДПМНЕ, продолжил и…

Тинтраниот Кичеец на чекор до слобода

Додека јавноста го чека исходот од сообраќајната несреќа којашто ја предизвика Зоран Милески Кичеец, тој веќе работи на тоа што поскоро да излезе на слобода. ИРЛ открива дека тој не бил во животно-загрозувачка здравствена состојба поради којашто му било дозволено 30 дена прекин на казната. Токму тогаш ќе ја предизвика несреќата во која еден ќе загине, а седум лица ќе бидат повредени. Кичеец веќе понудил спогодба и бара условна казна.…

Повик за работа во „Истражувачка репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија“

ИРЛ го проширува својот тим со три нови работни позиции, еден уредник на истражувачки проекти и двајца репортери. Нашата работа е општествено одговорна, а во актуелните околности не била никогаш ниту поважна, ниту повозбудлива. Затоа ни требаат нови храбри членови на тимот кои ќе ни помогнат во борбата против корупција и организиран криминал. Истражувачката репортерска лабораторија ИРЛ, членка на меѓународната медиумска организација за известување за организиран криминал и корупција, е…

Заговор против воздухот или како Македонија остана последната европска депонија

ИРЛ и партнерите откриваат како опасното загадувачко масло заврши за загревање на болниците во Северна Македонија. Причините за ова лежат во конфузните регулативи и минималните контроли. Автори: Сашка Цветковска, Давид Илиски, Ивана Настеска, Павла Холчова; Илустрација: Лука Блажев; Дополнително известување: Наташа Томиќ и Нермин Кулоглија Партнери:  Меѓународен проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), Чешки Центар за истражувачко новинарство (Investigace.cz);  Партнери за публикација: Дојче Веле – сервис на…