Исклучување на новинари од судница е крајно опасно и неопходно е само во законски утврдени процедури, се вели во реакцијата на ЗНМ кое поднесе претставка до Судскиот совет за утврдување одговорност на судијката Јованка Спировска Панева. Судењето помина со низа скандали, а најголем дел од исказот на новинарката Сашка Цветковска не влезе во записникот од рочиштето. Во записникот дури и пишува дека емотивниот настап на господинот Кочо Анѓушев и’ дал…
Со новите измени во Кривичниот закон за злоупотреба на службена положба и овластување и злосторничко здружување, скратени се толку основи за оваа мерка, што ќе е речиси невозможно да се изрече притвор. Известува: Лила Караташева; Илустрација: Лука Блажев Оние кои ќе го осиромашат државниот буџет за лична корист додека извршуваат функција нема да одат во притвор освен ако не постои сомневање дека ќе избегаат. Последните политички измени на Кривичниот законик…
Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го освои првото место на регионалните ЕУ награди за истражувачко новинарство за документарниот филм „Нечиста крв“ кој е изработен во копродукција со Македонскиот јавен сервис (МРТВ). На церемонијата која се одржа денеска во Сараево наградата ја додели Јохан Сатлер, шеф на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина кој рече дека наградената новинарска сторија разоткри важна тема од јавен интерес. „Посветеноста на новинарите да разоткриваат неправилности…
Истражувачкиот филм „Нечиста крв“ во продукција на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и Македонскиот јавен сервис (МРТВ) ја доби наградата за истражувачко новинарство – Global Shining Light Award за истражувањето „Нечиста крв“ на 13-тата Глобална конференција за истражувачко новинарство (GIJN) во Гетеборг, Шведска. За нaградите кои беа доделени вчера вечер, оваа година конкурираа рекорден број – 419 учесници од 84 земји. ИРЛ е првиот македонски медиум кој некогаш бил номиниран и…

















